Заев: Посакувам Светиот месец Рамазан да донесе личен духовен мир и семејна хармонија

by fokus

Го честитам почетокот на овогодинешните Рамазански пости на сите граѓани кои го чествуваат празникот Рамазан Бајрам. Посакувам Светиот месец Рамазан да донесе личен духовен мир и семејна хармонија, вели Зоран Заев, лидерот на СДСМ во чест рамазанските пости.

Тој во свое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница во Македонија, Реис Ул Улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи, како и до сите граѓани кои го чествуваат големиот празник Рамазан Бајрам.

„Рамазанските денови на духовно и телесно прочистување нека поттикнат уште посилна волја кон вистинските човекови вредности, хуманоста, меѓусебното почитување и разбирање и нека ја зацврстат определбата за вистина, правда и солидарност како важни темели на нашето заедничко општество.

Продолжуваме заедно да градиме едно заеднично општество за сите граѓани, со еднакви шанси за среќа и успех на секој, во економски напредна и просперитетна Македонија. Ве повикувам како чесни и одговорни граѓани да продолжиме заедно да движиме овие важни процеси за сите граѓани на Република Македонија”, се вели во честитката од Заев.

Поврзани новости