Заев посакува 1000 евра просечна плата

by Fokus 13:35
13:35

Со последните пресметки за април, просечната плата во Македонија изнесува 28.500 денари, а Заев верува дека тој тренд ќе продолжи да расте во иднина.

На денешниот настан, тој зборуваше за платите во земјава, додавајќи дека само со заедничка работа, можат да бидат повисоки.

- Advertisements -

„Успеавме да стигнеме до 28 илјади денари просечна плата. Тоа беше за април месец. Следно, ветивме 36 илјади денари просечна плата. Дајте заедно да сработиме, можеби ќе стигнеме до 800 евра. Јас би сакал да имаме просечна плата од 60 илјади денари до крајот на нашиот мандат, но ни треба многу заедништво“, истакна Заев.

Поврзани новости