Заев: Помошта опфаќа над 250.000 работници, инжинерот Мицкоски нека праша за економија

by Фокус
Најмалку 250.000 работници ќе бидат опфатени со помошта што ја предвидовме, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев во Само интервју на Канал 5. Тој посочи дека надоместокот ќе се додели согласно работните часови на кои е пријавен конкретниот работник, доколку земал плата под 39.000 денари.
-Правиме се што можеме. Ако работниците ги сочуваат своите работни места и ако и фирмите опстојат, ќе го биде и буџетот. Буџетот е полн и максимална реализација имаме за целиот период. Во моментот направивме максимум, по глава на жител сме одлично распоредени и по бруто домашен производ исто така – нагласи Заев.
Коментирајќи го предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, тој рече дека не треба да се чепка во вториот пензиски фонд, бидејќи, како што истакна, тоа се пари на граѓаните. Според него, државата прво треба да се задолжува надвор, па дути потоа на домашниот пазар.
-Банките овде се ликвидни, тие имаат 600 милиони евра и дополнителни 400 милиони евра кои се запишани во благајнички записи и тие треба да ги оставиме дома, затоа што банките ги следат граѓаните. Банкарскиот систем во секој земја е столб на финансискиот систем и тие пари треба да им ги оставиме на банкарскиот систем, ако ние им ги земеме тие пари, тие нема да можат да им даваат пари на граѓаните и стопанството. Има правила коишто треба да се следат, а Мицкоски како инжинер треба да праша за економија – посочи Заев.

Поврзани новости