Заев: Подготвени сме да оставиме позитивен пример во светот!

by fokus

Премиерот Зоран Заев на денешната средба со австрискиот канцелар, Себастијан Курц порача дека поддршката од Австрија за влез на Македонија во НАТО е од огромно значење. Исто така, Заев додаде дека Македонија ќе остане посветена  и ќе остави позитивен пример во светот.

„Поттик за нас е што Австрија ја препозна Македонија како надеж за Европа. Ова го прифаќаме како обврска. Вашата посета е силна порака во пресрет на референдумот и јас верувам дека мнозинството граѓани ќе го дадат својот глас за иднина. Македонија се врати на европскиот пат, покажавме храброст и сакам да изразам голема благодарност кон Австрија, таа е  најзначаен економски партнер“, порача Заев.

 

Поврзани новости