Заев: Победуваме 22 спрема 6 во првиот круг

by fokus

Слушајте ме, добро сум информиран, нашиот политички противник ќе победи во шест општини, а коалицијата предводена од СДСМ ќе има најмалку 22 градоначалника во првиот круг или 3,5 пати повеќе, рече премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев на митинг во Автокоманда.

-Градиме држава, општини, го слушаме гласот на граѓаните. Не е нормално да поставуваш лавови, бикови и шмизли, а да продаваш конзервативни вредности и наводна чесност зад која се кријат криминални апетити. Денес сите се одлучни, ВМРО-ДПМНЕ завршува со лавовите, биковите и шмизлите – порача Заев.

Осврнувајќи се на Гази Баба, Заев рече дека оваа општина е влезот на Скопје и една од најблиските до центарот на главниот град.

-Борче ги почна промените, сработи добро и секој ден носи се подобро за општината и граѓаните. Ги засука ракавите кога требаше во Стајковци, носеше кофи, изнесуваше смет, кал зашто за нас довербата на граѓаните е чест – рече Заев.

Поврзани новости