Заев: Побарав донесување на вонредна состојба, ВМРО-ДПМНЕ е против

by Fokus

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев по денешната лидерска средба со политичките лидери и претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, порача дека предложил воведување на вонредна состојба на целата територија на Македонија со цел спречување на ширењето на корона вирусот.

„Здравјето и безбедноста немаат цена. На оваа средба го споделивме ставот дека нема услови за нормално спроведување на изборите. Сега кога имаме заеднички нперијател, не е време за политички противници. Заштитата на граѓаните е она кон кое сега треба сите да сме насочени и посветени. Подготвуваме сет на економски мерки за стопанството, фирмите и граѓаните за заедно да излеземе посилни. Јас ја отворив и темата за воведување на вонредна состојба. Тоа е неопходно. Важно е сите граѓани и политички партии да останат посветени за заштитата. Тука сме да им служиме на граѓаните, да си ја заштитиме државата. Имаме сериозни причини за одложување на изборите. Верувам дека институциите ќе донесат одлука за прогласување вонредна состојба во државата. Тоа ќе значи дека Македонија ќе стане Дебар. Од друга страна, од ВМРО-ДПМНЕ не се согласија со мојот предлог, затоа што тие сметаат дека треба воведување на кризна состојба“, рече Заев.

Поврзани новости