Заев побара од австралиската министерка Австралија да не признае под уставното име

by fokus

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и од Едмонд Адеми, министер задолжен за односи со дијаспората, денеска оствари средба со делегација од Австралија предводена од министерката за надворешни работи Џули Бишоп.

Премиерот Заев ги претстави пред министерката Бишоп првите 40 денови од формирањето на Владата, потенцирајќи ги двете стратешки цели на Владата, членството на Македонија во ЕУ и НАТО.

Премиерот ги подвлече блиските односи помеѓу двете земји најмногу поради бројната дијаспора која Македонија ја има во Австралија.

– Се надевам во иднина да ја подобриме соработката, затоа што владите се тука да им помагаат на граѓаните – рече Заев на средбата.

Премиерот, пред министерката за надворешни работи го покрена и прашањето за отворање на конзулат на Австралија во земјава, кој, како што рече тој, би им било од голема полза на нашите иселеници и на нивните семејства тука.

Тој исто така упати апел до министерката Бишоп, австралиската Влада уште еднаш да ја разгледа можноста да ја признае Република Македонија под уставното име.

Честитајки му го изборот за премиер на господинот Зоран Заев, министерката Бишоп рече дека, посетата на Република Македонија ја убедила дека новата Влада на Република Макеоднија, врти нова страница за да испише ново поглавје во односите помеѓу двете земји.

Поврзани новости