Заев: По 11 декември генерален реизбор на сите судии во државата

by fokus

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска најави дека веднаш по изборите, ќе има  генерален реизбор на судии.

-Најавувам ГЕНЕРАЛЕН РЕИЗБОР НА СИТЕ СУДИИ ВО ДРЖАВАТА. Тоа ќе се случи веднаш по 11 декември! Доста страдаа граѓаните и чесните луѓе, додека криминалци и насилници од власта и нивни соработници се на слобода. Уште само 30 дена и ЌЕ ИМА ПРАВДА! Ќе ја раскинеме целосно спрегата на несовесното судство со криминалната, корупциска и неодговорна власт на Никола Груевски. Ниеден судија повеќе нема да си дозволи да осудува невини луѓе. Ниеден судија нема да смее да помисли да монтира судски процеси. Ни во сон ниеден судија нема да помисли да работи за криминалци, рече Заев.

Тој додаде дека и денес има поединци во судството кои одважно ја бранат правдата и за тоа трпат последници, но им порача дека тоа ќе им биде предност по 11 декември.

Поврзани новости