Заев – Пломп: Само со демократизација Македонија ќе добие поддршка од ЕУ

by fokus

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Холандија во Р.Македонија, Ваутер Пломп, а како што соопштуваат од СДСМ, тема на состанокот била неопходноста од регуларен предизборен и изборен процес, како и Програмата на СДСМ.

Европската унија бара да види добар и фер натпревар на изборите во декември, е пораката што ја пренесе холандскиот дипломат. Само со демократски развој Македонија може да ја заслужи поддршката од ЕУ.

-СДСМ планира по престојниот партиски Конгрес да се обврзе и на точни рокови за реализација на препораките на Прибе, за да се одблокираат и евроинтеграциите и земјата конечно да тргне напред, рекол Заев на средбата.

Поврзани новости