Заев планира деновиве да заврши со реконструкција на Владата

by fokus

Премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција одговарајќи на новинарски прашања рече дека сака овие денови да заврши со реконструкцијата на Владата. Кажа дека вчера имал средба со двете крила на БЕСА и ДПА предводена од Мендух Тачи.

-Денеска ќе има дополнителна комуникација. Сакам овие денови да привршуваме со оваа тема. Сите се со очекување на предлозите кои произлегуваат од мене, како премиер. Согласно тоа, потоа ќе се изјаснат и политичките партии. Ако успееме да ги номинираме самите предлози за преземање на одговорноста  во одредени ресори, јавни институции и слично, на политичките партии ќе им требаат неколку денови да донесат одлуки на свои органи и тела. Се надевам дека ако не со сите партии, со дел од партиите ќе успееме. Немаме опструкции од никој, рече Заев.

Тој вели дека генерално позитивни се ставовите на коалиционите партнери во Владата, а целта е зголемување на парламентарното мнозинство.

Поврзани новости