Заев планира да оди на гости кај Ципрас после Нова Година

by fokus

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека после Нова Година планира да оди во посета на Атина и да се сретне со грчкиот премиер Алексис Ципрас.

-Ја планирам мојата посета на Атина и се надевам на почетокот на идната година да се сретнам со премиерот Алексис Ципрас, со министерот за надворешни работи Никос Коѕиас, со претседателот на Грција  и со грчки пратеници“, изјавил Заев во интервју за грчката агенција АНА-МПА.

Во интервјуто Заев говори за неговите заложби и посветеност за градење пријателски односи со Грција базирани на взаемна доверба, со што ќе се олесни решавањето на прашањето за името.

Поврзани новости