Заев: Парите ќе ги вратиме кај граѓаните, само со кратење на премиерскиот буџет обезбедивме 420 милиони денари

by Fokus

Да ги вратиме парите кај граѓаните, да обезбедиме економски развој за подобар живот, да ги направиме институциите во служба на граѓаните, во сите наши одлуки граѓаните да препознаваат отворена и реформска влада и да ја промовираме нашата земја Македонија како пријател на соседите, која цврсто чекори на патот кон НАТО и ЕУ. Тоа се нашите најважни одредници, истакна премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција по повод 100 дена од формирањето на Владата.

– Наша задача беше да ги лоцираме непродуктивните трошоци и да најдеме начини парите да ги пренасочиме кон граѓаните и компаниите. Оваа Влада има намера да се однесува домаќински со парите на граѓаните. Само со кратење на премиерскиот буџет, обезбедивме 420 милиони денари. Обезбедивме дополнителни една милијарда и 245 милиони денари во Фондот на ПИОМ за да се обезбеди непречена исплата на пензиите и трошоците на вториот пензиски столб и уште 200 милиони денари – истакна Заев.

Поврзани новости