Заев пак најави зголемување на мнозинството

by Фокус

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев повторно најави зголемување на парламентарното мнозинство на владејачката коалиција за најмалку четири пратеници.

-Парламентарното мнозинство може да биде ново, но зголемено од постојното мнозинство и тоа се природни, реални работи кои што се случуваат денеска, лесно сфатливи за граѓаните – рече Заев на Канал 5.

Тој додаде дека се разговара со Алтернатива, која, според него, е понижена и потценета од својот партнер Алијанса за Албанците.

-Понижувањето кулминира со коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, која ништо не испорачаа во таа коалиција – истакна Заев.

Поврзани новости