Заев: Ова го нема ни во Тунгузија, а ВМРО-ДПМНЕ ги премина сите граници и затоа ќе останат во опозиција!

by fokus

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев порача дека неговата партија ќе победи на предвремените парламентарни избори во април, додавајќи дека одолговлекувањето на опозицијата за донесување на законот за ЈО ги преминува сите граници.

„Владејачката гарнитура се плаши дека нема да се донесе законот – сега или после изборите. Но, тие викаат „сега нема да се донесе законот, после нема да се донесе законот“. Тие знаат дека нема да победат на изборите. За да се дрзнеш вака безобразно, да ги штитиш криминалот, ги преминува сите граници. Ова го нема ни во Тунгузија. Тие знаат дека ќе ги изгубат изборите и затоа калкулираат со ова денеска. Анализи покажуваат што ќе се случи. не сакам јас никој да оди во затвор ако не се докаже. Секој ќе си ја плати цената, а ако немаш став, ќе си останеш подолго во опозиција“, истакна Заев.

Поврзани новости