Заев открива дека постои иницијатива за размена на споменици со Грција

by Фокус

Македонскиот премиер Зоран Заев за Франс Прес вели дека постојат иницијативи за институционална размена на споменици со Грција, како и за размена на подароци со грчкиот колега Алексис Ципрас.

Воедно, тој истакна дека пред некои локации во земјава ќе бидат поставени плакети кои, според него, ќе објаснат дека тие споменици се дел од глобалното културно наследство.

Притоа, македонскиот премиер не прецизираше за кои споменици станува збор изградени од претходната влада во рамки на проектот „Скопје 2014“.

Поврзани новости