Заев оптимист за законот за јавно обвинителство

by Fokus

Лидерот на владејачката СДСМ Зоран Заев денеска од Охрид изрази очекување дека до 12 идниот месец Парламентот ќе ги донесе сите неопходни законски решенија, меѓу кои и законот за јавното обвинителство за кој е неопходно двотретинско мнозинство.

– Тоа е комплексен закон што и е потребен на земјата во европските интеграции. Тука сум на располагање да разговарам со сите за да изнајдемем решение. Сега сме растеретени затоа што предметите од СЈО се обезбедени, се во судска постапка под контрола на државниот јавен обвинител. Вака растеретени можеме во Парламентот да договориме структурно, суштинско решение за јавното обвнителство што би било поддржано од сите. Навистина верувам дека ќе изнедри двотретинско мнозинство заради обврската, одговорноста што ја имаме пред народот и државата, рече Заев.

Тој уште истакна дека доколку е потребна лидерска средба, истата треба да се одржи следната седмица оттаму што потоа следуваат процедури во Парламентот, од комисиска расправа, пленарна седница.

– На крајот на денот не се прашуваат само Заев и Мицкоски, тука се и другите политичкин партии, независната пратеничка група, за да може сите да дадат свои сугестии за едно вакво суштинско, структурално решение, рече Заев.

Поврзани новости