Заев: Оптимист сум за решение достоинствено за двете страни

by Fokus

Претседателот на Владата Зоран Заев смета дека ќе биде најдено решение за проблемот што Грција го има со уставното име на Република Македонија.

– Јас сум оптимист, верувам дека помеѓу две земји, кои се пријатели и имаат намера да бидат уште поблиски, ќе се изнајде решение каде ќе се сочува достинството на двете страни, а ќе биде придобивка за граѓаните на двете земји, рече тој одговарајќи на прашања на новинарите.

Тој забележа дека за суштината на разговорите, предлозите, рамката што е испорачана не би требало јавно да се зборува за да не се уништат шансите во преговорите.

– Гледате дека се води транспарентен процес, сакаме национален консензус да го изградиме решението и на крајот граѓаните на референдум да го потврдат, убеден сум дека ако бидеме внимателни, па и да водиме сметка и за грчката страна ќе најдеме решение за ова прашање што не измачува 25 години, рече тој.

Поврзани новости