Заев: Опозицијата излезе со инжинерски предлози за корона кризата, владата има моја поддршка како и да одлучи

by Фокус

Jас како претседател на СДСМ излегов со предлог-мерки со цел справување со корона кризата, но и истакнав дека Владата има поддршка како и да одлучи, истакна лидерот на СДСМ Зоран Заев во интервјуто за МРТВ.

-Владата овојпат е и техничка што значи и во неа е и опозицијата. Владата е таа која треба да носи одлуки. Видовме какви инжинерски предлози презентираше опозицијата, без да консултира економски експерти. Мора да се поставиме посериозно, затоа што ова не е кампања и не се избори, ова е скриен непријател наречен коронавирус и е заеднички за сите и не смееме да правиме политички поени од тоа – рече Заев.

Според него, засега нема потреба од лидерска средба.

Поврзани новости