Заев од собраниската говорница: Грција повеќе не го оспорува нашето право за самоопределување

by Fokus

Премиерот Зоран Заев во моментов се обраќа пред пратениците на седницата на која ќе се гласаат уставните измени.

-Имаме кристална и недвосмислена потврда за македонскиот идентитет. Грција повеќе не го оспорува нашето право за самоопределување. Македонскиот јазик ќе се користи секаде, во сите институции, во Европска Унија, во НАТО. Почитувани пратеници никому ништо не сме му подариле. Процесот за уставните измени треба да заврши со промена на Уставот со двотретинско мнозинство од вкупниот број на пратеници.Повикувам да ги обезличиме манипулациите. Целиот демократски свет порачаа дека овој договор е чекорот што не извлекува од минатото и ни ги отвора портите кон иднината. Исходот од оваа седница ја прави извесна дека во јуни ќе ги отвориме првите поглавја, кои ќе ги затвориме во 2020 година. По завршувањето на спорот со името, ќе немаме отворен проблем со никој од нашите соседи. Зашто патриотизам е кога градиш пат на идните генерации. Почитувани пратеници вашата позитивна одлука ќе не однесе во НАТО. Да се издигнеме над нашите делби и поделби, рече Заев.

Тој им се заблагодари поеднично на сите партии кои се вклучија во процесот, вклучително и на партиите на Зијадин Села и на Билал Касами, како и на осумтте пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. Додаде дека се надева дека пратениците на Касами ќе дадат поддршка на уставните измени.

Поврзани новости