Заев од Будинарци: Ситуацијата ја следиме постојано и будно

by fokus

Премиерот Зран Заев денеска објави дека се наоѓа во Будинарци, што значи дека решил да го прекине одморот кој му траеше до 12 август.

-Беровско Будинарци е уште едно од македонските населени места кои се исправија пред огнот и заедно со пожарникарите, со своите мештани и со солидарната помош се борат за безбедност и за спас на околината. Шумите лесно се палат, а тешко се гасат – порачувам да внимаваме сите, да ја ставиме безбедноста на прво место и да ги спречиме сите ризици кои може да предизвикаат пожар.

Во овие денови на регионална солидарност, уште еднаш упатуваме огромна благодарност за помошта која е веќе на теренот, а пристигна од Србија, од Словенија и од Австрија, како и за двата авиони кои пристигнуваат од Романија.

Ситуацијата ја следиме постојано и будно, во постојана ангажираност и координација се сите капацитети на државата и заедно со граѓаните и со пријателската помош заедно ќе се справиме со оваа опасност, истакна Заев.

Поврзани новости