Заев од Брисел: Време е ЕУ да го испорача ветеното без одложување

by fokus

Премиерот Зоран Заев, пред работната вечера со лидерите на земјите од Западен Балкан во Брисел на покана на потпретседателот на Европската комисија Жозеп Борел, изјави дека земјава ги заврши сите свои обврски што произлегуваат од листата со критериуми за почеток на завршниот преговарачки процес за пристапување во Европската Унија.

-Тоа Европската комисија го препозна и во нејзините извештаи за напредокот на земјата до Европскиот совет и до лидерите на земјите членки на ЕУ многу јасно стави до знаење дека земјата има безусловна препорака за почеток на преговорите – нагласил Заев.

Како што соопштија од Владата, премиерот во Брисел додал дека сега е време и ЕУ да го испорача ветеното кон државата без одлагање. Воедно, Заев истакнал дека очекува одлука за прифаќање на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ.

-Претставници на ЕУ знаат и разбираат дека нашиот македонски идентитет и македонскиот јазик не се и никогаш нема да бидат за преговори. Знаат и разбираат дека тоа ниту било, ниту треба да биде на европската маса за преговори за членство на Северна Македонија во ЕУ – потенцирал тој.

Поврзани новости