Заев од Битола: Десет пати поголеми патриоти сме од ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, денеска од митингот од Битола порача дека тие се десет пати поголеми патриоти од Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Заев рече дека храброста и борбата за подобар живот за граѓаните е патриотизам.

-Од Широк Сокак ечи гласот на слободна Македонија. Во декември заедно ја насочивме Македонија да зачекори на вистинскиот пат. Вечерва во Битола станува јасно, на 15ти октомври ги заокружува промените што носат живот во Македонија за сите. Македонија се менува благодарение на вашата силна желба. Верувавте дека може поинаку, верувавте на подадената рака. Борбата за живот ја продолжуваме вечерва. Денес сум пред вас повторно, исправен, ја барам вашата поддршка за да живееме достоинствено во земјата каде што сме родени, рече Заев.

Тој додаде дека очекува победа во Битола со повеќе од 5.000 гласа разлика.

Поврзани новости