Заев: Очекував дека Панчо Минов ќе гласа за промена на Уставот..

by fokus

Очекувањата мои беа дека Панчо Минов ќе гласа за потреба за промена на Уставот, но јас ја почитувам неговата одлука. Потребно ни е севкупно помирување, пратениците се одговорни луѓе, порача премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција.

Како што порача Заев на средбата со новинарите, време е пратениците да ја испишат историјата на Македонија, со надеж дека до крајот на 2019-та година, Македонија ќе стане членка на НАТО.

„Панчо Минов очекував дека ќе гласа за промена на Уставот. Но, тој ги даде своите сугестии и го почитувам тоа. Дадов најава дека постојат пратеници со кои ќе се одважиме и ќе ја испишеме историјата на Македонија. Охридскиот рамковен договор е вграден во Уставот на РМ. Очекуваме дека на пролет ќе го завршиле потпишување на протоколот со НАТО, а на крајот на 2019-та година да станеме членка на НАТО“, истакна Заев.

 

Поврзани новости