Заев: Очекувам уште неколку пратеници да се придружат на парламентарното мнозинство

by fokus

Премиерот Зоран Заев денеска рече дека парламентарното мнозинство нема да се намалува, туку напротив, ќе се зголемува.

Заев вели дека парламентарното мнозинство ќе зајакнува бидејќи, како што рече, има многу демократи и чесни луѓе од опозицијата, кои што не се согласуваат со политиките на поделби, национализам, анатагонизам во општеството, а на Македонија во наредниот период и доаѓаат убави перспективи.

-Јас верувам дека неколку пратеници ќе се охрабрат да ги поддржат политиките, кои им требаат на граѓаните на Република Македонија. Убеден сум во тоа, така следува период на засукување на ракавите и работење во интерес на граѓаните, рече Заев.

Поврзани новости