Заев очекува вакцината против Ковид-19 во истовреме да стигне и кај нас и во земјите на ЕУ

by fokus

Набавките на вакцините против Ковид-19 ќе ги прави нашата земја директно преку Министерството за здравство и никој друг. Првиот механизам е Ковакс во кој се влезени 127 земји каде рамноправно насекаде временски еднакво треба да стигне вакцината. Втората наша надеж е од земјите-членки на ЕУ. Тоа се напорите на ЕУ кога ќе се пушти вакцината да се имплементира во нејзините земји-членки, ќе се имплементира и во земјите од Западен Балкан. Такви напори прави ЕУ. Грција исто така има направено нарачки освен за нив и за нас. Министерот Венко Филипче контактира и со неколку други министри за здравство од земјите-членки на ЕУ.

Ова денеска го истакна премиерот Зоран Заев, кој рече дека очекува кога земјите-членки на ЕУ ќе ја имаат вакцината и ќе почнат да ја употребуваат, тогаш и кај нас да почне да се користи.

– Јасно се утврдени протоколите, подготовките се во тек. За чувањето на вакцините веројатно тоа се компаниите кои имаат соодветни ладилници, Алкалоид е едната, другите не ги знам. Тоа се фирми кои треба да ја чуваат вакцината до нејзината примена, рече Заев одговарајќи на новинарски прашања по отчетот за сработеното на Владата во првите 100 дена.

Во врска со раскинувањето на договорот со фирмата „Сархемс“ за јавно приватно партнерство за хеликоптерска прва помош и спасување, премиерот појасни дека договорот е раскинат, бидејќи не била возможна имплементацијата заради ковид кризата.

Едноставно посочи Заев, транспортот, подготовките и сето тоа што следуваше за реализација на еден ваков договор, долгото траење на ковид кризата повеќе од девет десет месеци дефинитивно не овозможува имплементација на проектот.

– Самиот проект предизвикува обврски од двете страни и од страна на државата и од страна на операторот. Во услови на вонредна состојба го прекинавме договорот. Кога ќе помине ковид кризата Владата повторно ќе распише постапка и останува можноста и оваа компанија, но и многу други да се јават доколку понудат вакви бесплатни услуги за потребите на граѓаните и на државата, а за сметка на транзитирањето на патници низ нашата земја, додаде премиерот Заев.

Поврзани новости