Заев очекува разрешување на Пауновски: Таков пркос, да водите полемики со претпоставените, не е дозволен

by Fokus

Премиерот Зоран Заев денеска најави дека, иако Стојко Пауновски е негов личен исклучително добар пријател, ќе побара од службите на Владата да го разрешат. Смета дека за тоа постои основа и очекува да биде покрената постапка.

„Секој ден да водите полемики со потпретседателот на Владата, со претседателот на Владата, е пркос кој не е дозволен. Хиерархијата треба да се почитува, таа е поставена и треба да функционира. Се работи за мој исклучително добар пријател, но кажувам што е принцип“, рече Заев.

Поврзани новости