Заев очекува победа, во спротивно ќе се збогува со политичката кариера

by fokus

Ова денеска е историски ден за граѓаните на Македонија и за Република Македонија, денеска е ден во кој што ќе се бира за животот ќе се бира за иднината на нашата земја. Ова денеска е ден каде што ќе се бира за напредна, слободна и единствена Македонија, прв чекор до тоа е слободно изразената волја на граѓаните, истакна денес Зоран Заев, лидерот на СДСМ, по гласањето.

Одговарајќи на новинарски прашања, Заев рече дека „прво што ќе направи вечер е дека ќе прогласи победа, а доколку не победи тоа ќе значи крај на неговата политичка кариера“.

– Ако на вака значајни избори се случи негативен резултат тогаш ми завршува политичката кариера, но не размислувам на оваа варијанта, зошто зрела е Македонија, животот се враќа и убеден сум дека победуваме. Веќе размуслуваме како да се втурнеме, да го подобриме и унапредиме животот и она што го ветивме пред граѓаните, рече Заев.

Поврзани новости