Заев очекува економска соработка со израелските компании

by fokus

Го посетивме израелскиот претседател на државата, имавме состанок со бизнис заедницата, посетивме успешни компании коишто почнале како старт ап компании, значајни компании со коишто се надеваме дека ќе имаме натамошна соработка на економско ниво, изјави македонскиот премиер Зоран Заев на заедничката прес конференција со својот колега Бенјамин Нетанјаху.

-Со Израел немаме отворени прашања, пријателски земји сме. Нашата соработка со Израел се надеваме дека ќе биде на две нивоа, безбедноста и светскиот мир, она за што е Израел добар пример во светот. Се надеваме дека низ организациите како што е НАТО, целиме да бидеме членка на НАТО, дека ќе продолжиме да соработуваме, бидејки заканите од радикализмот и екстремизмот се присутни овде во Израел и во овој регион, но исто така и за Македонија и за регионот на Западен Балкан, рече Заев.

Израелскиот премиер пак, порача дека Израел е технолошки развиена земја и ќе и помогне на Република Македонија.

Поврзани новости