482
Ќе преговарам со ДУИ, Алијансата за Албанците и БЕСА за формирање на нова влада, која се надевам дека ќе ја формираме за помалку од 10 дена, изјави новиот мандатар Зоран Заев.
-Очекувам во брзо време да составам нова реформска влада, која ќе гради унитарна држава и ќе отвори вистински перспективи на модерна и евроатланска Македонија – истакна Заев, откако го доби мандатот од претседателот Ѓорге Иванов.