Заев: Да си простиме за 27 април

by Фокус

Премиерот Зоран Заев, на денешната собраниска седница за отворање на Уставот согласно Договорот од Преспа, на која е неизвесно дали ќе се постигне неопходното двотретинско мнозинство, побара политичките актери од двете спротивставени страни да си простат за крвавите настани во парламентот на 27 април.

-Ајде да си простиме, прв чекор нека биде 27 април. Тогаш, сите бевме можна мета од изманипулирани поединци, па сега е одлична прилика, застанувајќи заедно за иднината на Македонија и нашите деца, да ги простиме и да се помириме. Ајде десната страна во парламентот да и подаде рака на левата страна, ајде колеги од десната страна да подадеме рака на левата страна – рече Заев.

Тој побара пратениците, како што рече, да отворат демократски и креативен процес во парламентот за усвојување на уставни измени, при што изрази подготвеност да биде отворен за предлози и амандмани од опозицијата, доколку не се прoтиват на духот на Преспанскиот договор.

-Испраќам порака на помирување и простување за настаните на 27 април, да седнеме и да го направиме тоа. Знам дека тоа има цена и подготвен да ја платам политичката цена. Политичари доаѓаат и заминуваат, народот останува. Нема иднина за нашата земја ако прво овде во парламентот ние не ги простиме – порача Заев.

Воедно, тој ги повика сите пратеници да одлучат според сопствено убедување, но ги потсети дека изборот се однесува меѓу просперитетна и напредна државата или изолирана земја со неизвесна иднина.

Поврзани новости