Заев: Нови избори не ги решаваат работите, треба да се формира влада

by fokus

Зоран Заев по средбата со Али Ахмети рече дека нови избори нема да ги решат работите, туку потребно е да се формира влада.

-Таман работа да останеме без Влада. Не ни теба тоа. Нови избори не ги решаваат работите. Ќе ги повториме резултатите. Влада треба да се формира. Треба да се формира влада секако таму каде што ќе се најдат решенијата за формирање на влада. Нашиот став, а и ставот на другите партии со коишто разговараме е дека сега нема причина да се размислува за предвремени избори. НАТО е завршена работа, одлука за преговорите имаме, меѓувладина конференција се закажува за почеток на отворање поглавја, ќе треба да работиме, а и да оставиме предвидливост и за економијата, за граѓаните и за сите, рече Заев.

Поврзани новости