Заев: Ништо повеќе не зависи од Никола Груевски

by Фокус 00:39
00:39

Подмолната одлука на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за одложено распуштање на Собранието е уште еден пораз на Никола Груевски, рече Заев во вечерашното обраќање до јавноста.

-После сите лаги, измами, инаетења, со денови криење од јавноста, Никола Груевски ја призна својата лична одговорност: нема услови за слободни, фер и демократски избори на 24 април. Груевски сакаше да ја вовлече Македонија во сериозна меѓународна изолација и длабока внатрешна криза, со единствена цел: заштита на криминалот и корупцијата на фамилијата. Никола Груевски се плаши од слободни и фер избори, затоа што знае дека ќе ги изгуби. На сите им е јасно, Груевски не може да ја држи Македонија во заложништво. Пред само еден час ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека нема поместување од датумот 24 април. Вечерва се потврди, ви реков, се случи: Ништо повеќе не зависи од Никола Груевски. Тој е минато. Во Македонија мора да има и ќе има слободни, деморатски и фер избори, рече Заев.

- Advertisements -

Поврзани новости