Заев: Незаконски ми ги прислушувале телефоните во „Поткуп“, а од разговорите ми креираат и нови истраги

by fokus

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска пред Кривичниот суд, по одложувањето на главната расправ за случајот „Поткуп“, истакна дека се сомнева дека незаконски бил прислушуван за време на истрагата. Тој додаде и дека постои сомнеж дека неговите телефонски разговор вршени во тоа време обвинителството сега ги злоупотребува за да против него покрене нови истраги.

Наредбите за ПИ-Мерките ги бараме уште од самиот момент на предистражна и истражна постапка, на донесување на обвинителен акт и како што гледате до денеска не можеме да добиеме препис од наредбите за да можеме да ја видиме законитонста на начините на постапката на обезбедување на посебните истражни мерки и моето телефонско слушање на двата телефонски броеви. Во другите случаеви, на пример во „Пуч“ тоа ни беше овозможено. Тоа е право на одбраната да има свој увид. Во овој случај тоа не е овозможено, ние искрено се сомневаме во незаконитоста на постапката, на обезбедувањето на посебните истражни мерки имајќи во предвид дека државното јавно обвинителство токму овие прислушкувани разговори си ги разгледува секојдневно, си создава нови предмети, си шири нови истраги, си отвора нови предистражни постапки, сосема различни од оваа. Сето ова ни индицира сериозно сомневање за законитоста во постапката на посебните истражни мерки коишто се составен дел од самото темелење на докази за обвинението, кадешто се работи точно за следење на моите телефонски разговори, рече Заев, пред Кривичниот суд.

Поврзани новости