Заев: Неправдата е што Франција не го кажа својот став и пред потпишувањето на Преспанскиот договор

by fokus 22:27
22:27

Премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју за 360 степени на Алсат рече дека причината за непочнувањето преговори со ЕУ не е во Македонија. Тој вели дека неправедно и нефер било што Франција не го кажала својот став порано.

-Очекувавме ЕУ да го исполни ветувањето, но не го исполни. Како што реков, направи историска грешка. Сите ветија. Па и Макрон, со самото видео, за кое сум му благодарен, во кое ги повикуваше граѓаните да гласаат на референудмот. Франција и во минатото знаела да биде проблем. Не само за нас, и за други земји. Но, верувавме дека процесите можат да одат паралелно, бидејќи ние се исполнивме. Мора да биде јасно дека причината не сме ние. И Макрон потврди дека тие внатре не се спремни и имаше само позитивни зборови за Македонија. Нефер и неправдата е што Франција не го кажа својот став порано, па и пред да го направиме Преспанскиот договор. Тука е болката, рече Заев.

- Advertisements -

Поврзани новости