Заев: Немаме договор со Грција, средбата во Софија не е краен рок

by Fokus

Сакам договор за мојата земја, оптимист сум и еден од првите луѓе кој го сака тоа, но не можам да кажам дека имаме договор за прашањето за името, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

– Се надевам дека ќе имаме договор. Успехот што досега го постигнаа министрите за надворешни работи е за почит. Се надевам дека токму на маргините на Самитот на ЕУ и Западен Балкан и на средбата што ќе ја имам со грчкиот  премиер Ципрас ќе можеме да ги потврдиме досегашните успеси и ако не друго да проговориме за начините за изнаоѓање на решение, рече Заев.

Во контекст на тоа додаде дека сака уште еднаш граѓаните да знаат дека Самитот во Софија не е краен роктуку пред се Самитот на Советот на ЕУ кога се ослучува од страна на премиерите или на претходниот состанок на Советот на ЕУ кога се очекуваат првите правно-формални одлуки кои се однесуваат на Македонија, а тоа е добивање датум за преговори.

– Самитот на НАТО Алијансата се одржува во јули, но тоа не е врзано за правното формализирање на одлуките за нашето членство во НАТО, заради тоа што со постигнување договор со Грција автоматски тргнува процесот на пристап кон НАТО. Тоа значи пред се разговори меѓу Владата и НАТО, а потоа веднаш и ратификација во Парламентот, рече Заев.

Тој додаде дека отприлика при крајот на јули се очекуваат конечните датуми, кои посакуваме да бидат крај на решението, но секако не по која било цена.

– Не е крај на светот да се случи решение и во септември или октомври. Ова го зборувам од разумен аспект заради очекувањата на граѓаните и се надевам, дај Боже, на Самитот да имаме решение, додаде Заев.

Поврзани новости