Заев: Немам закажано средба со Борисов, разговорите сѐ уште траат

by Fokus

На десетина дена пред одржувањето на Советот на министри на која ќе се знае дали ќе ги почнеме преговорите со Европската унија, нема информации околу тоа што се договара меѓу Македонија и Бугарија и што содржат документите што се разменуваат меѓу двете земји. Наспроти неофицијалните информации дека деновиве премиерот Зоран Заев треба да има средба со бугарскиот колега Борисов, тој за ТВ21 го демантира ова.

-Нема закажано средба помеѓу мене и Борисов. На ниво на работни групи под раководство на нашиот и бугарскиот министер за надворешни работи се разговара, вели Заев за ТВ21.

Советот за општи работи на кој и официјално ќе биде познато дали Македонија ќе ги почне преговорите треба да се одржи на 8 декември и тој е последната можност да се деблокира македонскиот евроинтеграциски пат за време на германското претседателство. Засега од Бугарија се уште нема официјален став дали ќе даде зелено светло или повторно ќе не блокира. Овој викенд, според дипломатски извори на Брисел е клучен за постигнување договор меѓу двете земји.

 

Поврзани новости