Заев: Немало посредници меѓу мене и Камчев

by fokus 14:13
14:13

Премиерот Зоран Заев во интервју за Нова тврди дека немало посредници меѓу бизнисменот Орце Камчев и него, откако беа објавени „бомбите“, во кои осомничениот бизнисмен Орце Камчев го спомнува братот на премиерот, Вице Заев и пораките кои му ги пратил премиерот кој му порачал да го пријави случајот „Рекет“ кај обвинителката Вилма Русковска.

Тој демантира дека неговиот брат имал контакт со бизнисмени од поранешната власт.
„Вице Заев е мој единствен брат, тоа што го работи е бизнис на моето семјство само во Струмица. Води грижа и за моето семејство. Негвото име се злоупотребува, за жал многу често и ми се лути. Тој не е должен да ги сфати сите овие работи, тој не членува во органи и тела на партии“, вели Заев.

- Advertising -

На прашање дали неговиот брат се слушал со Камчев и Мијалков, вели дека тоа треба да го каже брат му, но е сигурен дека брат му не комуницирал за актулениве случаи.

Поврзани новости