Заев: Нема виновник за референдумот

by Фокус

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, се огласи на својот фејсбук профил со став дека не треба веднаш да се бара виновник за неуспешниот референдум. Тој напиша:

„Искористивме прекрасна демократска алатка. Го одржавме и подигнавме активизмот и капацитетноста, искористивме прекрасни партнерства и соработки со граѓански активисти на цели кои можат да бидат заеднички.. Во условите на референдум кога со самиот чин на излегување на гласање се испраќа пораката на решителност да се спротивставиш на забеганата власт, а при избирачки список во кој повеќе од 25 проценти гласачи практично не се на адресите кои се водат на избирачкиот список.

Мислам дека успехот е повеќе од добар. Така да досега само критичен осврт видов од борци против режимот. Немојте да бидете храбри борци кои првата помисла дека непријателот против кој се бориме ќе искористи наш половичен успех или неуспех.Веднаш почнуваме да бараме кој тоа е виновен, нема овде виновни. Комплименти за сите што гласаа и сите што се вклучија да го помогнат и поддржат референдумот“.

Поврзани новости