Заев нема предрасуди и би седнал на иста маса со Груевски

by fokus

Премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување во емисијата Отворено рече дека извршната власт не е таа која апси, туку тоа си е работа на правосудството, запрашан за криминалните зделки на поранешниот премиер Никола Груевски.

На прашањето дали би седнал на иста маса со Груевски, Заев рече дека тој нема предрасуди и би се состанувал со лидерот на опозицијата. Премиерот рече дека добро би било таква средба да има и пред локалните избори, за да се гарантира фер изборен процес.

Поврзани новости