Заев нема поддршка од партиското членство за амнестија, 81 отсто од симпатизерите на СДСМ сметаат дека треба да има правда

by fokus

Огромно мнозинство или 81,7 отсто од приврзаниците на СДСМ сметаат дека не треба да има амнестија, туку дека е потребно спроведување на правдата, покажува анкетата Телма и МЦМС, што ја напрви агенцијата М-проспект.

Според резултатите на анкетата само 12,4 отсто од членството на владејачката партија смета дека треба да има амнестија.

Кај приврзаниците на ВМРО-ДПМНЕ, пак, мислењето е поделено, 47 отсто се за амнестија, а други 47 отсто се против.

Што се однесува за настаните од 27 април, 74,5 отсто од приврзаниците на СДСМ не се согласуваат дека обвинети во овој судски предмет треба да бидат амнестирани, а 23,1 отсто од сдсмовците сметаат дека треба.

Граѓаните не сакаат ниту избори. Мнозинство од речиси 59 проценти, сметаат дека вонредните избори не се решение за политичките случувања во земјата, додека 33,5 насто сметаат дека се решение.

Анкетирани се 1.014 испитаници, телефонски, во периодот од седми до 15 ноември.

Поврзани новости