Заев: Нема да успее намерата на Груевски за дестабилизација

by Фокус

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека на премиерот Никола Груевски нема да му успее потсвесната цел за дестабилизација на Македонија.

– Ние се бориме со зборот, а Груевски со институциите и сите механизми што ги има на располагање. Со тоа што тој го прави, испраќа порака на дестаблизација, но нема да му успее. Сите етнички заедници се здружени во целта за враќање на слободата и демократијата – рече Заев.

Поврзани новости