Заев нема да бара одговорност од Талат Џафери

by fokus

Премиерот Зоран Заев нема да бара одговорност од претседателот на Собранието, Талат Џафери затоа што се обрати на албански јазик на Комитетот за надворешни работи во Брисел во рамки на Самитот „Европски парламент – Западен Балкан“, иако смета дека го прекршил Уставот. Според верзијата на Заев, Џафери бил испровоциран од поединци од Бугарија, па затоа почнал да зборува на албански јазик.

-Талат Џафери спротивно на Уставот се обрати пред парламентот на ЕУ и точно е да се каже дека имаше две сесии. На двете сесии зборуваше на македонски јазик, на третата на албански испровоциран од некои поединци од соседна Бугарија кои секако укажале дека ќе направат воедначување на наштие јазици што никако не е точно. Ние имаме слични, но различни јазици. Нема да побарам одговорност затоа што очекувам токму од претседателот на Собранието да објасни што точно таму се случило бидејќи тој е еден од главните чувари на Уставот на Република Северна Македонија, изјави Заев.

Џафери пак вчера тврдеше дека не го прекршил Уставот со обраќањето на албански јазик.

-Го користев моето природно право, вродено како и на секој човек во земјава. На било кој јазик да зборував, јас го претставував Собранието на Северна Македонија во најдбро можно светло – изјави Џафери на ТВ 24.

Тој тврди дека Уставот е флексибилен и не попречува и ограничува користење на природно право, како што, според него, е и користење на мајчиниот јазик на меѓународно ниво.

-Јас таму го претставував собранието и државата – рече Џафери, додавајќи дека неговото право е да го користи јазикот што го знае најдобро. За неговото обраќање опозициските партии поднесоа кривична пријава и интерпелација за Џафери.

Поврзани новости