Заев: Неизмерна е болката и тагата и нема зборови што можат да бидат утеха за тешката сообраќајна несреќа

by fokus

Премиерот Зоран Заев упати сочувство до семејствствата чии членови загинаа во сообраќајната несреќа со превртениот автобус кај Тетово.

-Неизмерна е болката и тагата и нема зборови што можат да бидат утеха за тешката сообраќајна несреќа која беше кобна за повеќемина наши сограѓани. Сочувствуваме со најблиските за нивните загуби. Ги мобилизираме сите сили и капацитети да им помогнеме на сите останати со животозагрозувачки и други повреди колку што може побрзо да ја добијат неопходната помош и да им се вратат на своите најблиски, напиша Заев на својот Фејсбук профил.

Поврзани новости