Заев негира дека во Брисел ќе се разговара за ново име

by fokus

Ние немаме стигнато дотаму да разговараме за некои нови имиња или слично, изјави премиерот, Зоран Заев, на заедничката прес конференција со косовскиот премиер, по однос на шпекулациите дека предмет на преговорите во Брисел ќе биде предлог името „Нова Македонија“. Како што рече Заев, тоа е предлог на медиумите.

-Верувам дека деновиве ќе се разговара за потврда на желбата на двете страни суштествено да навлезат во решавање на проблемот што Грција го има со нашето уставено име. Се надевам дека со посрединштво на Метју Нимиц ќе биде потврдена заедничката желба на двете стани, на Македонија и Грција, за изнаоѓање на вакво решение. Се надевам дека состанокот ќе заврши во позитивна атмосфера за да можеме понатаму да очекуваме разработка на можни решенија на овој проблем – рече премиерот.

Инаку, по тригодишна пауза посредникот Метју Нимиц денеска повторно ќе ги седне на маса преговарачите од двете земји, Васко Наумовски и Адамантиос Василакис. Разговорите во Брисел ќе траат два дена.

Поврзани новости