Заев негира дека ќе се бришат делови од историјата

by fokus

Не станува збор за никакво бришење на историјата. Историјата вели Бугарија тогаш, монархиско – фашистичката влада донела одлука да стапи во пакт со фашистичките земји. Република Македонија во тоа време, македонскиот народ и сите граѓани кои живееле донеле одлука да се приклучат на антифашистичката борба и тука нема дилема. Никој не чепка во таа историја, изјави денеска премиерот Зоран Заев, прашан од новинарите дали нашата држава не треба да плати преголема цена во врска со постигнување договор со Бугарија.

Тој нагласи дека секоја дебата е отворена и нема причина во моментот да се води, бидејќи, потенцира, ништо не се случува и нема исчекор.

– Очекувам да се случува се после нашите избори и бугарските избори што се на 14 ноември и евентуален втор круг во Бугарија 21 ноември. Тогаш ќе седнат и ќе се решаваат работите. Но, во името на вистината кога се поставуваат прашањата, должност е да кажеме наши ставови и размислувања, народот да знае, добро да ги изнанализира, да ги сфати. Сакам сите да знаат дека институциите се тие што ги носат одлуките, на крајот граѓаните се тие што ги носат конечните одлуки, порача Заев.

Повтори дека градењето пријателство треба да оди билатерално, сите следни чекори што ќе ги преземаме ќе бидат со давањето поддршка од страна на Бугарија кон Северна Македонија за нашиот европски пат.

Поврзани новости