Заев: Не се сомневам дека се злоупотребени средствата од СБ за модуларните болници

by fokus

Ни малку не се сомневам дека се злоупотребени средствата од Светска банка за модуларните болници, вели премиерот Зоран Заев, но не ги коментира документите коишто вчера излегоа во јавност според коишто општината и раководството на болницата биле надлежни за управување со тетовската болница во која изгореа 14 пациенти.

Тој тврди дека спецификацијата за модуларните болници е иста како и секаде во светот и очекува истрагата што поскоро да даде одговори што се случило и кои се причините за избувнувањето на пожарот во тетовската модуларна болница.

Тој останува на ставот дека ќе ги чека резултатите од истрагата, па потоа ќе донесе одлука дали ќе ги прифати оставките на министерот за здравство, Венко Филипче и директорите на тетовската болница.

Поврзани новости