Заев не се јави на суд, дали ќе биде уапсен?

by Фокус 11:55
11:55

Од адвокатскиот тим на лидерот на СДСМ Зоран Заев потврдуваат дека тој го оддржа зборот оти повеќе нема да се јавува на суд секој понеделник во 9 часот, бидејќи не ја признава независноста на оваа институција.

– Судот во Струмица треба да го извести судот во Скопје, кој понатаму треба да одлучи за нова мерка. Но, за да се одреди притвор, судот треба да оцени дека се исполнети основните предуслови од Законот за кривична постапката. Не може да го притворат Заев ако судот не оцени дека постои опасност да се крие или да бега. Заев кажа каде ќе биде, па реално сметаме дека таква опасност нема – вели Филип Медарски, еден од адвокатите на Заев.

- Advertisements -

Поврзани новости