Заев: Не сакаат да ја предадат власта, а ние сакаме со убаво

by fokus

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска се обрати на Осмомартовскиот Марш одржан во Гевгелија, којшто го организираше Форумот на жени на СДСМ, под мотото “ЗА РАМНОПРАВНОСТ – ЗА ЖИВОТ“.

-Сите овие години се бориме рамо до рамо, но вие бевте тие кои не мотивиравте, вие бевте тие кои го водевте орото напред и еве сега сме исправени да направиме промена на власта. Ги дочекавме промените од 120 мандати, 67 мандати имаме позади нас и еве `не пред формирање Влада. И мајката, не сакаат власта да ја предадат, банални изговори изнаоѓаат како само и само власта да не ја предадат, а сакаме со убаво, сакаме со убаво затоа што малкумина сме, роднини паѓаме, толку ни е Македонија. Ајде денеска уште еднаш да испратиме порака со лесно, но пред `се и со убаво, да направиме промена на власта, изјави Заев.

Генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски кој присуствуавше на маршот уште еднаш ја повтори пораката дека еднаквото општество е општество на еднакви шанси без разлика на етникумот, верата или полот.

Поврзани новости