Заев: Не понудив широка коалиција, туку споделив една идеја вредна за размислување

by fokus

Премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување на телевизија Сител рече дека тој не понудил широка коалиција сега, туку само ја отворил темата. А, таква понуда за широка влада би можела да се случи за еден месец, после локалните избори, од парламентарните избори… вели Заев.

-Јас не побарав, не понудив широка коалиција. Јас споделив една идеја која е вредна за размислување, нека размислува нашиот народ. Ако е добро за државата јас би се повлекол и од премиер и од претсдател на СДСМ. Можеме да направиме поголема ефикасност, да си ја средиме државата. Ни стигнуваат пораки застанете еднаш заедно, одработете за државата. Јас тврдам дека можеме да имаме и повеќе пратеници. Можеме да привлечеме пратеници и од опозицијата, што и веројатно ќе се случи. Понудата (за широка влада) може да се случи за еден месец, после локални, од следните парламентарни… Но, треба некој да ја отвори оваа тема. Ова е дел од мојата нова политиката, рече Заев.

Поврзани новости