Заев: Не е заборавен никој со четвртиот пакет мерки!

by Fokus

Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција ги презентира сетот мерки од четвртиот пакет кој го усвои Владата на денешната седница во вкупна вредност од 470 милиони евра, со кој, како што рече, не е заборавен никој. Заедно со претходните три пакети на граѓаните и стопанството, како што кажа, за надминување на последиците од здравствено-економската криза им се доделени над една милијарда евра.

Четвртиот пакет, кој има вкупно 31 мерка, е директна поддршка за економската и социјална сигурност на нашите граѓани и поттикнување на приватната потрошувачка, Ги имаме предвид сите дејности, сите компании, а нашето внимание е насочено кон поддршка на работните места, на ранливите категории, невработените…, рече премиерот.

Прва мерка е продолжување на поддршката за исплата на плата во последните три месеци.

Како што рече таа ќе биде скалеста и ќе зависи од падот на приходот кај компаниите. Колку е поголем падот на приходите толку ќе биде поголема поддршката која ќе се движи од 14.500 денари до 21.776 денари.

Со оваа мерка ќе бидат поддржани 250000 работни места, а вредноста е 70 милиони евра.

Поврзани новости